ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Смеата нѐ поврзува и обединува

Првиот театар жанровски определен кон комедијата, го следи концептот на модерен и свеж театарски израз и има јасно дефинирана и таргетирана публика. Млад ансамбл со  пулсирачка енергија и талент, хумор, позитивизам и оптимизам...

Театарски жанр со многу димензии

На нашата сцена се случува жива, неуморна и динамична игра која предизвикува искрена смеа. Комедијата е повеќе од нешто едноставно смешно, под хуморот лежи еден богат слој на општествен коментар, огледало кое нѐ поттикнува да се соочиме со реалностите кои инаку преферираме да ги игнорираме.

НАЈНОВИ ПРЕТСТАВИ

ВАРДАРСКИ ПАСТУВИ

ВАРДАРСКИ ПАСТУВИ

Театар Комедија пролетната сезона 2016 ја отвори со досега невиден настан – понежниот пол го почести со премиерата на пиесата „Вардарски пастуви“, и за првпат на македонската театарска сцена направи „префинета сексуална револуција“ - со машки стриптиз. „Вардарски пастуви“ е пиеса работена според сценариото на Симон Буве (се сеќавате на филмот „Фул Монти“?) и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, но овој пат станува збор за сосема наш производ, пред сѐ затоа што е сопствена продукција на Театар Комедија и затоа што се работи за скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се...

СЛУЧАЈОТ ХАРМС

СЛУЧАЈОТ ХАРМС

По повод четвртиот роденден и во знак на одбележување на Светскиот ден на театарот, Театар Комедија на својата сцена ја постави најновата претстава „Случајот Хармс” по адаптација на Жељка Удовичиќ-Плештина од Хрватска, направена според делата на Данил Хармс, a во режија на Дино Мустафиќ, гостин од Босна и Херцеговина. „Случајот Хармс“ зборува за животот на рускиот авангарден писател Данил Хармс кој бил прогласен за антисоветски непријател, а неговите дела биле забранети сѐ до неговата рехабилитација во 1956 година. Тој се смета за авангардна икона на дисидентството, исклученоста и уметничката слобода, автор кој поради противењето на доктрината и авторитарноста на сталинизмот...

ГОСПОДАРОТ НА КУКАВИЦАТА

ГОСПОДАРОТ НА КУКАВИЦАТА

„Господарот на кукавицата“ е втор авторски текст на Венко Андоновски поставен на сцената на Театар Комедија. Овој пат се работи за комедија во која старецот Никодим (Рубенс Муратовски, к.г.) од Галичник, никако да умре, па затоа синот Серафим (Атанас Атанасовски) и внукот Херувим (Валентин Костадиновски) сакаат да се ослободат од него и го носат во старечки дом во Скопје. Откако од медицинскиот персонал на домот дознаваат дека татко им наместо измет исфрла скапoцен камен танзанит, го грабнуваат од домот и си го враќаат во Галичник. Но, дали е тоа навистина танзанит, каква е цената што треба да се плати за...

НЕШТО ПРОПУШТАМЕ

НЕШТО ПРОПУШТАМЕ

Праизведба на драмски текст од Горјан Милошевски, кој зборува за животот и односот меѓу театарџиите зад кулисите. „Нешто пропуштаме“ е претстава за мала театарска група која сака да добие грант од странска фондација. Тој грант е единствен начин да реализираат нова продукција. Меѓутоа, истиот тој грант им создава голем проблем затоа што мораат да исполнат параметри зададени од фондацијата и мораат да вклучат теми што им се наметнати. Во исто време, театарот прави обид да развие и свој израз и своја тема, меѓутоа апсолутно во ништо не им оди на тој план. Преку оваа основна драмска линија може да се...

« »
ПРЕМИЕРИ

ПРЕМИЕРИ

0
ОДИГРАНИ ПРЕТСТАВИ

ОДИГРАНИ ПРЕТСТАВИ

0
ПУБЛИКА

ПУБЛИКА

0
ФЕСТИВАЛСКИ НАГРАДИ

ФЕСТИВАЛСКИ НАГРАДИ

0

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ

Премиери, гостувања, фестивали, јубилеји, промоции, прес-конференции, планови, идеи, соработки, хуманитарни акции, прослави, пофалби, рецензии, театарски критики... и многу други новитети...

КУПИ КАРТИОНЛАЈН

НОВО!

Сега е уште полесно да го набавите вашиот билет за претставата која сакате да ја погледнете – електронски, преку компјутер или мобилен телефон, за неколку минути. Доброто планирање заштедува квалитетно време. Уживајте во нашиот репертоар!